www.goldenpages.bg и www.zlatnakniga.com.mk заедно ги прошируваат услугите во Бугарија и МакедонијаДвата најсеопфатни бизнис адресари во Бугарија и Македонија потпишаа договор за партнерство и лансираа услуга за прикажување на огласите на бугарските компании на македонските корисници и македонските компании на бугарските корисници.
Новата взаемна услуга им нуди можност на корисниците од Македонија и Бугарија да пребаруваат добавувачи на производи и услуги преку граница, а тоа им овозможува на бизнисите во двете држави да се промовираат пред потенцијалните клиенти во другата држава поевтино и полесно. Целосната база на податоци на Златна Книга (Македонија) и Златни Страници (Бугарија) ќе им биде достапна на луѓето при пребарувањето во локалниот веб адресар.
Коментирајќи на договорот, Ник Саундерс, CEO на Golden Pages - Бугарија вели, “Ова е уште еден пример за вредноста што им ја овозможуваме на фирмите и корисниците во Бугарија. Ние постојано бараме нови начини да им помогнеме на фирмите да добијат нови клиенти, и олеснувајќи им да се рекламираат во Македонија можеме да придонесеме за развој на нивниот бизнис. И потрошувачите сега имаат лесен начин да најдат добавувачи во Македонија.” Владимир Вецовски, Генерален Директор во Р3 Инфомедиа – Македонија вели, "Ни претставува задоволство што соработката со Златни Страници ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме можноста да привлечат нови клиенти од Бугарија. Сигурни сме дека и на корисниците ќе им се допадне можноста да имаат лесен пристап до сите Бугарски производи и услуги преку доверлив извор како што е Златна Книга. Верувам дека постојат бројни можности за фирмите од двете држави да имаат добивка од соработката со соседната земја и ние сакаме да го направиме првиот чекор, нудејќи информации за македонските бизниси во Бугарија, и на бугарските бизниси во Македонија".
Golden Pages е водечки бизнис адресар во Бугарија кој од страна на Бугарите се проценува како најсеопфаетн, доверлив и корисен извор за бизнис информации во државата. Повеќе од 375,000 луѓе ја посетуваат www.goldenpages.bg месечно пребарувајќи над 100,000 фирми.
Златна Книга е водечки бизнис адресар во Македонија избран за Супербренд за Македонија за 2009 година. www.zk.com.mk е една од 40-те најпосетувани локални веб страни во Македонија и е достапна на македонски, англиски и албански јазик.
| Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна. Курсот на еврото во однос на американската валута порасна за речиси еден процент. Истовремено вредноста на ... Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјатаД-р Јелисавета Георгиева-Јовевска , потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и ... Средба Ангеловска-Бежоска – Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето ...Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на ... Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но ...Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од причините за тоа е недостигот на ... Рекордни поскапувања во Британија, луѓето принудени да штедатРекорден пораст на трошоците за живот ја претвори Велика Британија од нација на потрошувачи во нација на штедачи, покажува ново истражување. „Бурниот период на ... ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има тааВо повеќе од две години откако Русија ја нападна Украина, поради што цените на енергијата се зголемија, норвешкиот нафтен и гасен гигант Equinor тивко ја ... |