www.goldenpages.bg и www.zlatnakniga.com.mk заедно ги прошируваат услугите во Бугарија и МакедонијаДвата најсеопфатни бизнис адресари во Бугарија и Македонија потпишаа договор за партнерство и лансираа услуга за прикажување на огласите на бугарските компании на македонските корисници и македонските компании на бугарските корисници.
Новата взаемна услуга им нуди можност на корисниците од Македонија и Бугарија да пребаруваат добавувачи на производи и услуги преку граница, а тоа им овозможува на бизнисите во двете држави да се промовираат пред потенцијалните клиенти во другата држава поевтино и полесно. Целосната база на податоци на Златна Книга (Македонија) и Златни Страници (Бугарија) ќе им биде достапна на луѓето при пребарувањето во локалниот веб адресар.
Коментирајќи на договорот, Ник Саундерс, CEO на Golden Pages - Бугарија вели, “Ова е уште еден пример за вредноста што им ја овозможуваме на фирмите и корисниците во Бугарија. Ние постојано бараме нови начини да им помогнеме на фирмите да добијат нови клиенти, и олеснувајќи им да се рекламираат во Македонија можеме да придонесеме за развој на нивниот бизнис. И потрошувачите сега имаат лесен начин да најдат добавувачи во Македонија.” Владимир Вецовски, Генерален Директор во Р3 Инфомедиа – Македонија вели, "Ни претставува задоволство што соработката со Златни Страници ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме можноста да привлечат нови клиенти од Бугарија. Сигурни сме дека и на корисниците ќе им се допадне можноста да имаат лесен пристап до сите Бугарски производи и услуги преку доверлив извор како што е Златна Книга. Верувам дека постојат бројни можности за фирмите од двете држави да имаат добивка од соработката со соседната земја и ние сакаме да го направиме првиот чекор, нудејќи информации за македонските бизниси во Бугарија, и на бугарските бизниси во Македонија".
Golden Pages е водечки бизнис адресар во Бугарија кој од страна на Бугарите се проценува како најсеопфаетн, доверлив и корисен извор за бизнис информации во државата. Повеќе од 375,000 луѓе ја посетуваат www.goldenpages.bg месечно пребарувајќи над 100,000 фирми.
Златна Книга е водечки бизнис адресар во Македонија избран за Супербренд за Македонија за 2009 година. www.zk.com.mk е една од 40-те најпосетувани локални веб страни во Македонија и е достапна на македонски, англиски и албански јазик.
| Време зa читање: 2 минути За врзување на првиот и последниот ден од мај се потребни 60.090 денари. Толкава е вредноста на минималната кошница што ја пресметува ... Пласманот и цената го диктираат интересот за производство на црешиНејзиното одгледување зависи од временските услови, но и од други фактори, меѓу кои се помалку овоштари. Пласманот и цената го диктираат интересот. И повторно ... Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во ХоландијаАсоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализира објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија за 2023 во согласност со ... Средба Ангеловска-Бежоска – Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето ...Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на ... ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од ...Доне Таневски, поранешниот долгогодишен директор и сегашен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ е купувачот на двата пакети акции кои во текот ... ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ТРУПААТ РЕЗЕРВИ ОД ОВОЈ БЛАГОРОДЕН МЕТАЛ Цената му скокна на 2.449 долари за унцаЦената на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво и на њујоршката берза Комекс вчера достигнаа 2.449,89 долари за унца. Аналитичарите велат дека ... |